Хеликоптерската трагедија можела да се избегне, но…

Хеликоптерот во кој загина легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум луѓе, воопшто не требало да полета. Пилотот Ара Зобојан бил со сертификат за управување на хеликоптер, но сепак „Сикорски С-76Б“ ги немал сите потребни дозволи за летање и затоа во тој момент не смеел да лета, пишува Њујорк тајмс.

Проблемот е во тоа што на такви временси услови каде влажноста на воздухот била на највисоко ниво, а имало и голема магла, па видливоста била намалена и едноставно било невозможно да се лета без помош на инструменти и помош од контролната кула.

Во Лос Анџелес таква дозвола немаат дури ни полициските хеликоптери, но токму затоа и било решено полициските хеликоптери да не летаат тоа утро. Доколку се следеле процедурите и хеликоптерот останал на земја, трагедијата со сигурност ќе била избегната, но тоа е веќе минато.

 

- Оглас -

Најнови вести