Хелсинки да се коригира за шокот од првиот меч, романскиот тим ќе брои до 7+

6785 Хелсинки – Паневежис (18 ч.)

Изненадувачки делуваше победата на Паневежис во првиот меч со 3:0, посебно затоа што овој тим игра многу слабо во домашното првенство и е во опасност дури и да испадне.

Хелсинки игра солидно во првенството на Финска, а сега треба од првиот момент да нападне и да се обиде да стигне негатива од три гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.87)

 

6789 ФЦСБ – Виртус (19:30 ч.)

Ова е нерамноправна борба на два тима кои едноставно не треба да играат во исто натпреварување. Романскиот тим уште на првиот меч на гости покажа доминација и сила, па славеше со убедливи 7:1.

За тимот од Сан Марино успех е што е дел од квалификациите во ЛШ, но ако ФЦСБ игра во ист ритам како на првата пресметка, повторно може да се очекуваат седум или повеќе голови.

Предлог тип: 7+ (2.75)

 

6791 Шемрок – Викингур (21 ч.)

Една од најнеизвесните пресметки. Првиот дуел заврши без голови, а сега едноставно мора да има погодоци за да се дознае патникот во следната фаза. Шемрок во домашното првенство не игра во најдобра форма, додека е лидер во шампионатот на Исланд.

Како на првата средба, и сега може да се очекуваат многу тактизирања, со малку шанси, па еден потег може да го реши овој двомеч.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.40)

 

6787 Пјуник – Динамо Минск (18 ч.)

Интересно е дека двете екипи имаат низа од по 10 меча без пораз во сите натпреварувања, па и ремито во меѓусебниот дуел беше и очекувано. Вечерва Пјуник ќе ја има предноста на домашен терен и тоа ќе биде единствената предност во пресрет на мечот кој решава за тимот што ќе остане во квалификаците за пласман во ЛШ.

На последните шест меча што ги одигра, Динамо прими само еден гол, што само потврдува за цврстината во дефанзивната линија на гостите.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.15)

 

6044 Балкани – Санта Колома (16:30 ч.)

Косовскиот првак има поголеми успеси во Европа, посебно во последните две сезони. Балкани играше и во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Првакот од Андора дома загуби со 1:2 и се очекува Балкани со нова победа да потврди дека е подобар тим.

Предлог тип: 1-1 (1.83)

- Оглас -

Најнови вести