Хендикеп што ни одговара: Романците останаа без еден од најопасните играчи

Романската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена за утрешниот натпревар против Македонија, откако се потврди дека Јанис Хаџи, еден од главните играчи на нашиот следен противник, е позитивен на коронавирусот..

Фудбалерот на Ренџерс се пожалил на главоболка откако романскиот состав допатува во Скопје, по што му направиле тест кој покажал дека е позитивен на ковид-19.

Иако нарушеното здравје на Хаџи не е причина за радост, од спортски аспект овој хендикеп на противникот е добар за Рисовите бидејќи ќе имаат еден проблем помалку на теренот, знаејќи го квалитетот на технички поткованиот Хаџи.

Селекторот на гостите Мирел Радои поради проблеми со повреди и со Ковид-19 покрај Хаџи во составот за дуелот против нас ќе ги нема и Алибек, Драгуш, Танасе и Ротариу што е голем хендикеп за Романците.

Натпреварот Македонија – Романија ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести