Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево во 18 часот ќе го одигра и вториот контролен натпревар во јунскиот прозорец на ФИФА, против Чешка во Храдец Кралове.
На неколку часа пред мечот, на повреда се пожалил напаѓачот Бојан Миовски, кој има проблеми со зглобот и со сигурност нема да биде стартер. Медицинскиот тим прави напори да ја санира повредата за да може да настапи барем во второто полувреме, секако, доколку сè биде во ред.