Хендикеп за Модрите од Загреб – Го рангираат како најскап играч на Динамо, рано се повреди против Шкупи

Динамо Загреб го нема посакуваниот резултат против Шкупи на „Максимир“, каде што по еден час игра е 1:1, а остана и без најскапиот играч во тимот, Јосип Шутало.

Дефанзивецот кој е рангиран како највреден фудбалер што го има Динамо, а е и најбаран на трансфер-пазарот, се повреди во 16-тата минута и беше заменет.

На негово место влезе Теофоил Катерин, француски интернационалец во редовите на хрватскиот првак.

Само по 10 минути откако Шутало го напушти теренот, Шкупи даде гол, а стрелец беше Бразилецот Кевен.

Чаирчани водеа се до 44-тата минута, кога Аријан Адеми постигна гол со глава и израмни на 1:1 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Реваншот ќе се игра во Скопје за 7 дена, а победникот од овој двомеч речиси сигурно ќе игра со Лудогорец, тим кој денеска го декласира Шемрок со 3:0 на свој терен.

 

- Оглас -

Најнови вести