Херенвен и во време на Коронавирус не заборави: На трибините имаше 15.000 мечиња

Октомври е месец кога на најразлични начини се слави храброста и се дава поддршка на сите оние луѓе кои се борат со една од најопасните болести на денешницата, ракот. Холнадскиот тим Херенвен секоја година традиционално во октомври на еден од домашните мечеви создава „дожд од мечиња“ кои ги носат навивачите, а потоа ги фрлаат на теренот, во знак за поддршка на сите деца кои се борат со опасната болест.

Овој октомври на стадионот на Херенвен трибините се заклучени поради Коронавирусот, но не се заборави традицијата. На трибините на стадионот се најдоа 15.000 мечиња играчки, кои подоцна ќе бидат поделени на дечињата кои се борат со ракот.

 

- Оглас -

Најнови вести