Атлетичарката од Камбоџа, Боу Самнанг, ги освои срцата на фановите на Кралицата на спортовите со својот херојски настап на Игрите на Југосточна Азија.
Таа беше дел од трката на 5.000 метри, која ја заврши дури со шест минути задоцнување зад победничката, но завршните кругови мораше да ги истрча додека паѓаше пороен дожд.
Откако успеа да ја заврши трката, Самнанг заплака и им се заблагодари на навивачите кои ја бодреа. Оваа слика дојде и до премиерот на Камбоџа, Хун Сен, кој ја награди Боу Самнанг со 10.000 долари. Просечната плата во Камбоџа изнесува околу 250 долари.