Македонската фудбалска репрезентација предмалку слета во Скопје со чартер-летот од Порто. Нашата репрезентација не е комплетна и фалат голем број фудбалери, а овојпат се пречекани со многу помалку медиумска помпезност и луѓе на аеродромот.
Нешто што не беше случај по средбата со Италија. Тие што не беа на скопскиот аеродром, веќе се упатија кон своите клубови, а остатокот тоа ќе го стори денеска, односно најдоцна утре.