Хероите слетаа, Алиоски изјави: Ги победивме Италија и Германија а жално е што сè уште не сме на СП

Македонската фудбалска репрезентација предмалку слета на аеродромот во Скопје, по што ќе се упатат кон Плоштадот.

Езџан Алиоски даде навистина одлична изјава по доаѓањето.

„Ги победивме Германија и Италија, но жално е што сè уште не сме во Катар. Само со верба со тимот и во играчите можеме и да ја победиме и Португалија“ изјави Алиоски.

Капитенот Стефан Ристовски, пак исто така имаше изјава пред медиумите по слетувањето.

„Сигурно уште сме под еуфорија, без разлика на тоа дека ни останува уште еден натпревар. Вакви победи за оваа нација треба да останат запишани во историјата на фудбалот. Нека остане и денеска да се одмориме и прославиме и да се фокусираме за следниот натпревар.

Кога ќе дојдеш на ваков тип на утакмица, емоциите искачаат од себе. Имаме млади дечки кои што играат. Јас сум среќен со овие дечки кои штто се трудат“ кажа Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести