Македонската фудбалска репрезентација нè навикна да ни приредува неверојатно убави моменти. Еден од таквите е и денешната победа над Италија во Палермо со 1:0.
Александар Трајковски даде гол во 92-рата минута, погодок со кој Македонија го елиминира актуелниот европски владетел од трката за место на Светското првенство во Катар.
Македонските херои во петок, во 18:30 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром. Иако Македонија уште не е на Мундијалот во Катар (ќе играме финале-бараж против Португалија), сигурно овие момци кои беа на теренот во Палермо заслужуваат достоен пречек.