Херој на фудбалски терен: Дете му го спаси животот на друго дете

Кристијан Фернандес е детето фудбалер од Шпанија кое е херој на неделата. На меч од детската лига, Кристијан му го спасил животот на еден противнички играч. Играле екипите на Медина и Сан Фернандо, а едно од децата се судрило со дури тројца противнички играчи, па од силината на ударот колабирало.

Речиси сите на теренот се уплашиле од ситуацијата, но не и малиот Кристијан. Тој точно знаел што треба да направи. Веднаш притрчал, го свртел детето на страна и му го извадил јазикот, за да не може да се задуши.

„Играчите се уплашија кога го видоа играчот на Медина и побегнаа. Кристијан беше храбар и реагираше на време, а со тоа и му го спаси животот“, објаснува тренерот на Сан Фернандо, Лео Корнехо.

Многу брзо потоа на теренот втрчале и тренерите на двата тима, како и таткото на спасеното дете, кој всушност е и лекар. Брзата помош стигнала за неполни 10 минути. Малиот Кристијан Фернандес покажа голема храброст и ги заслужува сите пофалби.

- Оглас -

Најнови вести