Херој на денот – Михајловиќ го воодушеви спортскиот свет (фото)

Синиша Михајловиќ како фудбалер од Црвена ѕвезда замина во Италија, каде што со своите мајстории на теренот ги воодушевуваше фановите. Откако ја заврши играчката кариера, Михајловиќ „заплива“ во тренерските води. Пред почетокот на сезоната потпиша со тимот на Болоња, но токму кога требаше да започне со интензивна работа, дојдоа лоши вести за тренерот.

Лекарите открија дека Михајловиќ боледува од леукемија. Србинот не се предаде туку започна со интензивно лекување. Парарелно додека се лекуваше, Михајловиќ остана да биде и тренер во Болоња, а по неколкумесечни терапии, лекарите известија дека тренерот ја победил болеста.

Иако Михајловиќ се наоѓа во ризичната група луѓе кога се работи за корона-вирусот, тој денеска ги воодушеви сите. Синиша не само што се појави во тренинг-центарот на Болоња за да ја надгледува работата на своите играчи, туку тој самиот започна со тренинзи.

„Синиша Михајловиќ денеска тренираше. Тренерот на Болоња дојде на теренот во 9:30 часот, ја симна капата и започна да трча. По еден час физичка активност, Михајловиќ се сретна со спортскиот директор Рикардо Бигон. Тие се поздравија и поразговараа неколку минути. Михајловиќ најави дека и во следните денови ќе продолжи со тренинзи“, пишува весникот „Кориере дело спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести