Херојот на Барселона: „Очекував дека Модриќ ќе згреши на тој начин“

Францускиот интернационалец, Жул Кунде, е херојот на Барселона и стрелец на победничкиот гол во финалето од шпанскиот Куп. Дефанзивецот го пресече проигрување на Лука Модриќ до Брахим Дијас, а потоа одлучи сам да ја завршува акција, што се покажа како полн погодок и доволно за 32-риот трофеј од Купот за „каталонците“.

„Ова беше посебна вечер, крунисана со мојот гол. Видов дека Модриќ ќе го одигра тоа проигрување, го очекував тоа. Видов и фудбалер од мојата десна страна, но се одлучив да шутирам и на крајот добро се заврши. Многу сум среќен и горд на мојата екипа. Повторно покажавме карактер и како екипа сме.“ – задоволно изјави херојот на Барселона, Жул Кунде, после победата над Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести