Херојот на Челзи од Минхен посакува нови „чуда“ како Ѕвезда

Дидие Дрогба е херојот на Челзи од Минхен и финалето против Баерн од сезоната 2011/12, во кое Сините ја освоија првата европска титула во својата историја токму со неговите погодоци за израмнување на 1-1 во финишот од регуларните 90 минути, а подоцна и решавачкиот пенал во рулетот.

Легендата на лондонскиот тим се радува што Суперлигата не успеа, вели дека на фудбалот му се потребни „чуда“ како Црвена ѕвезда, походот на грчката селекција на Европското првенство од 2004 година.

„Пласман во елитата, испаѓање и неочекувани резултати се она што ги будат емоциите на овој спорт. Да се биде една целина, играчи и фанови, тоа е убавината на фудбалот. „Малата“ Грција ја победува „големата“ Португалија, Црвена ѕвезда го надигрува мојот тим Марсеј, па дури освоената титула на Ливерпул во Премиер лигата. Замислете, ја играте истата игра, остварувате успеси, а немате привилегија да се докажувате против најдобрите. Многу ми е мило што проектот пропадна, ќе беше дискриминација на останатите клубови и уништување на оваа прекрасна игра“, напиша Дрогба н „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести