Херојот на Чешка има 40 години и само Лазаров успеа да го пробие

Ако пред два дена голманот на Македонија Никола Митревски беше херојот во победата над Украина, овојпат, Чешка имаше адут на голот. Мартин Галија блескаше и со 14 одбрани буквално ги откажа нашите ракометари. Во клучните моменти, Галија одбрани и неколку зицери и едноставно тој е најзаслужниот за триумф на Чешка.

Воопшто не се за чудење добрите одбрани на Галија, ако се знае дека се работи за голман кој има преку 200 настапи во националниот тим. Во април Галија ќе наполни 41 година, што само уште еднаш се потврдува дека нема млади и стари играчи, туку квалитетни и помалку квалитетни.

„Одбраната функционираше 100 отсто. Вложивме се во овој меч затоа што знаевме колку е важен дуел за нас. Им благодарам на навивачите кои направија одлична атмосфера “, рече Галија по мечот.

Блескавите одбрани на голманот на Чешка може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести