Данскиот репрезентативец, Патрик Доргу, беше херојот на Манчестер јунајтед во победата од 1-0 над Њукасл пред својата публика. Дефанзивецот беше стрелец на единствениот гол, што за него беше дебитантски во дресот на „црвените ѓаволи“.
„Тоа беше добар удар. Не знаев дека сум способен за такво нешто, но навистина бев многу среќен што го постигнав мојот прв гол на овој стадион. Беше неверојатно. Едноставно го применив она што Рубен Аморим ми го советуваше во врска со самодовербата и сè останато. Мислам дека добро се снајдов. Само ја видов топката како паѓа и го упатив ударот. Го вежбам тоа на тренинзите, па мислам дека ми помогна.“ – рече Доргу по победата.
A starring role for @ManUtd‘s Patrick Dorgu v Newcastle 🌟 pic.twitter.com/hzyPgENQRu
— Premier League (@premierleague) December 27, 2025

