Херојот на Кралевите окрива: Татко ми дома донесе дрес од Реал и од Барселона и ми рече да изберам

Реал Мадрид на неверојатен начин стигна до титулата во Лигата на шампиони, откако во драматични нокаут двомечи ги елиминираше Пари Сен Жермен, Челзи и Манчестер сити, а потоа во финалето славеше и над Ливерпул.

Еден од многуте херои што Реал ги имаше изминатава сезона во ЛШ е младиот Родриго. Бразилецот кој има смао 21 година, во реваншот против Манчестер сити даде два гола во финишот од мечот и беше творец на фантастичниот пресврт, кој подоцна го доврши Карим Бензема.

Родриго во Реал дојде пред три години кога Кралскиот клуб се согласи да плати дури 45 милиони евра на Сантос. Многумина беа скептици како тоа се даваат толку пари за тинејџер кој нема ни 50 меча во сениорска конкуренција, но сега се покажа дека тој потег бил исправен.

Младиот Бразилец открива дека пред да дојде во Европа, имал понуда и од Барселона, но тој се одлучил за Реал Мадрид.

„По еден меч дојдов дома, а татко ми влезе во собата и во рацете држеше еден дрес на Реал Мадрид и еден на Барселона. Ми рече да одберам. Јас го одбрав дресот на Реал Мадрид“, раскажува Родриго, кој додава дека татко му веќе имал договорено трансфер во Барселона, но сепак желбата на играчот за биде дел од Реал ставил крај на таквата реализација и трансфер во каталонскиот гигант.

Родриго во сезонава која измина, со Реал Мадрид се радуваше на трофеите во Лигата на шампиони и шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести