Херојот на Леверкузен: „Многумина помислија дека дојде денот кога ќе изгубиме“

Неверојатната низа на Баер Леверкузен без пораз се искачи на 49 натпревари, со што и официјално е срушен рекордот на Бенфика. Но, новиот германски шампион по 11-ти пат се спаси од пораз во судиското надополнување на времето. Рома имаше предност од 0-2 по 66 минути, откако Паредес двапати погоди од пенал, но Баер повторно успеа да остане непоразен.

Манчини во 82-рата минута си постигна автогол, а Јосип Станишиќ во 97-мата ги постави конечните 2-2.

„За мене е фантастично да ги видам навивачите како се радуваат за пласманот во финалето. Неверојатно. Ова беше многу тежок натпревар уште од првата минута. Знаевме дека против себе имаме квалитетна екипа и дека ништо не е готово по тие 0-2 во Рим. Многумина мислеа дека денес е тој ден, дека денес ќе бидеме поразени. Но, во очите на нашите фудбалери се гледаше дека сите сакаат пласман во финале и да се избегне поразот. Сонот сега станува јаве за нас, сега сме во финале“, рече репрезентативецот на Хрватска и стрелец на израмнувачкиот погодок, Јосип Станишиќ.

Во финалето од Лигата на Европа ќе играат Баер Леверкузен и Аталанта, а мечот ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин, на 22 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести