Херојот на ПСЖ се повреди – Мбапе е неизвесен за реваншот со Реал Мадрид

Настапот на Килијан Мбапе во реванш-мечот против Реал Мадрид е под знак прашалник.

Медиумите блиски до тимот од Париз велат дека Французинот се повредил на еден од тренинзите на тимот, а за кој дел поточно станува збор, сè уште не се знае.

За потсетување, Мбапе е херојот на ПСЖ од првата средба бидејќи со неговиот гол во 94-тата минута му обезбеди предност на својот тим пред реваншот.

Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ е закажана за во среда, а почетокот е од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести