Херојот на Реал Мадрид не одолеа на парите од Катар

Додека траат возбудувањата на Европското првенство, некои од фудбалерите ги прават летните трансфери. Како што пренесува стручњакот за трансфери, Фабрицио Романо, напаѓачот на Реал Мадрид, Јоселу, во новата сезона ќе игра за тимот на Ал Гарафа во Катар.

Јоселу во Реал Мадрид дојде како позајмен играч од Еспањол, а Кралскиот клуб беше подготвен да ја плати откупната клаузула, но голгетерот побарал да замине во Катар. Во претходната сезона, Јоселу во дресот на Реал Мадрид одигра 49 меча, а постигна 17 голови, плус имаше три асистенции.

Тој беше херојот на шпанскиот гигант во полуфиналето од Лигата на шампиони, кога постигна два гола против Баерн Минхен и го отвори патот кон новата, рекордна 15 европска титула на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести