Херој во победата на Реал Мадрид над Партизан беше поранешниот кошаркар на Црно-белите, Најџел Вилијамс, бидејќи ги погоди одлучувачките поени на мечот.
„Му благодарам на Бога. Знаевме дека ќе биде војна и така беше. Ние го добивме овој натпревар, но мора да бидеме подготвени да го добиеме и четвртиот меч“, изјави Вилијамс по победата во Белград.
Тројката за победа на Реал Мадрид, која ја постигна токму Вилијамс, може да ја погледнете ТУКА.
Задоволен од победата беше и најефикасниот кошаркар на теренот, Еди Таварес, кој уфрли дури 26 поени.
„Ова е една од најтешките сали за играње во Европа, знаевме дека ќе биде тешко. Мора да го заборавиме овој натпревар, за два дена имаме нов натпревар, ќе биде уште потешко. Сега се чувствувам добро,“, рече Таварес по победата на Реал Мадрид над Партизан.