Херојот на Ривер плејт во преговори со Манчестер сити

Фудбалерот на Порто Хуан Фернандо Кинтеро, кој настапува како позајмен играч за јужноамериканскиот првак Ривер плејт, се најде на радарот на Манчестер сити. Колумбиецот потврди дека неговиот агент започнал преговори околу евентуална преселба во редовите на англискиот шампион.

За Кинтеро се слушна низ цела Европа откако ја покори Бока јуниорс во реванш дуелот во финалето од Либертадорес купот кој се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а токму колумбискиот офанзивец го постигна водечкиот гол за Ривер во продолженијата.

„Знам дека мојот агент преговараше со преставници на Манчестер сити, и можам да кажам дека сум горд што голем клуб се интересира за мене. Но ако се вратам во Европа, сакам да го направам вистинскиот потег од секој аспект, не само финансиски гледано. Имам понуди и од Кина, што е супер ако се земат во предвид финансиите, но тоа засега не ме интересира“, истакна Кинтеро.

Тој веќе трета сезона се шета низ светот преку позајмици, играше за Рен, Индепендиенте, па сега Ривер плејт, додека неговиот договор со Порто важи до 2021 година. Доколку успее да обезбеди трансфер во Сити, навистина ќе му биде најголем во неговата кариера. Клаузулата според договорот со „змејовите“ е 40 милиони евра, а засега не е познато дали „граѓаните“ веднаш ќе ја активираат истата, или ќе се обидат да заштедат.

Погодокот на Кинтеро за 2-1 против Бока јуниорс:

https://www.youtube.com/watch?v=8OPcx5IngsA

- Оглас -

Најнови вести