Херојот на Шпанија порача: Сакам да победувам, победувам, победувам

Ламин Јамал влезе во историјата на ЕП. Со 16 години и 362 дена тој стана најмладиот стрелец на погодок на континентален собир, и тоа во меч од полуфиналето против Франција. Со овој гол Јамал го надмина и рекордот на легендарниот Пеле, кој во далечната 1958 година со 17 години играше полуфинале на големо натпреварување, а тоа беше Светското првенство.

„Многу ви благодарам. Многу сум среќен што стигнавме до финалето. Најважно е дека победивме иако секогаш е многу тешко кога толку рано ќе примите гол. За голот што го дадов? Центрирав да погодам токму таму каде што заврши топката. Сакам да ѝ помагам на екипата. Сакам да победувам, да победувам, да победувам и тука во Германија да го прославам роденденот заедно со соиграчите“, вели Јамал, чиј погодок сигурно ќе конкурира за еден од најдобрите на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести