2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Херојот на Скопскиот маратон: Бале Брзи на 72 години истрча 42 километри, и тоа во народна носија

Во неделата се одржа 21-вото издание на Визер Скопскиот Маратон, а најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски е победник на трката од 42 километри и 195 метри.

На маратонот оваа година учествуваа над 14.000 учесници и секој од нив си носеше посебна приказна. Сепак, една приказна е посебна, а тоа е таа на Благоја Ацковски. Се работи за 72-годишен дедо кој покажа дека годините не мора да се препрека да се истрчаат потребните 42 километри.

Едноставно, Благоја, кој е познат по прекарот Бале Брзи, е вистинска инспирација за сите генераци. Тој не само што ја истрча маратонската трка, туку тоа го направи облечен во народна носија, што секако прави дополнителен проблем при трчањето.

И покрај сите предизвици, Бале Брзи на крајот ја заврши маратонската трка, и тоа со време под четири часа, што секако е фантастично време.

- Оглас -

Најнови вести