Херојот на Србија против Португалија играл повреден: Одржа само еден тренинг

Александар Митровиќ со голот во 90-тата минута против Португалија ја однесе Србија во групната фаза на Светското првенство во Катар.

Одличниот напаѓач кој игра во маестрална форма е херојот на нашиот северен сосед, а во јавноста излезе досега непозната информација.

Љубинко Друловиќ, кој е еден од асистентите на селекторот Пикси, кажа дека тој одржал само еден тренинг.

„Веројатно никој не знае, ама Митровиќ играше повреден.

Таа недела имаше само еден тренинг, но сакаше да игра, покажа карактер и на крајот е награден“, изјави Друловиќ.

- Оглас -

Најнови вести