32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Херојот од дуелот со Летонија најавува нова победа за Македонија на неделниот меч

Голот на дефанзивецот Никола Серафимов беше доволен за Македонија синоќа да освои три бода во дуелот против Летонија. Со оваа победа нашата селекција го обезбеди првото место во групата, а со тоа и пласман во Б сегментот од Лигата на нациите.

Серафимов е задоволен бидејќи сите на теренот ги завршиле зададените задачи од селекторот, а најави дека Македонија ќе оди на победа и в недела во Скопје, кога во рамките од последното коло од Лигата на нациите ќе играме против Фарски Острови.

„За тоа што се подготвувавме, тоа се случи денеска. Знаевме дека Летонија е противник и дека гостите ќе дојдат со цел да ни направат проблеми. Беше тешко да се пробие нивниот дефанзивен блок, посебно на еден ваков терен, каде што топката споро се движеше. Тие дојдоа со цел да не примат гол и да нѐ загрозат преку контри и полуконтри, но ние добро ги контролиравме. На крајот најважно е дека победивме, дека ги освоивме трите бода. Сега треба да се подготвиме за мечот в недела против Фарски Острови и со нов триумф да го затвориме овој циклус“, вели херојот од дуелот против Летонија, Серафимов.

- Оглас -

Најнови вести