Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски
Вардар ќе биде без Михаил Талевски на утрешниот реванш меч против ЛА Фиорита. Фудбалерот кој беше херој на Црвено-црните во финалето на Купот на Македонија постигнувајќи ги двата гола против Струга ТЛ, вчера се пожали на повреда на ногата и денеска не тренира.
„Имаме проблеми со неколку повредени играчи. На листата на која беа Најдовски, Сековски и Фустин, сега се приклучи и Талевски. Тоа е што е и треба да се фокусираме на тие кои се подготовени, да го дадат максимумот на утрешниот меч“, вели тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.