Тинејџерот херој од „сенка“ на Реал: Влегуваше како резерва против ПСЖ, Челзи и Сити и почнуваа да се случуваат чудата

Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул откако во уште еден неверојатен дуел испаднаа како победници, овојпат против Манчестер сити. Кралскиот клуб дури по 120 минути игра со 3:1 го победи англискиот првак и си обезбеди дуел за пехарот против Ливерпул.

Ново чудо се случи на „Сантијаго Бернабеу“ откако Реал губеше со 0:1 до 90-тата минута, но не се предаде. Во 90-тата и 91-тата минута Родриго, кој влезе како резерва, даде два гола и Реал стигна до 2:1 и продолжувања. Во продолжувањата, Бензема со гол од пенал го комплетира пресвртот.

Реал губеше со 0:1 по голот на Ријад Марез во 73-тата минута, а Карло Анчелоти потоа во игра го внесе младиот Едуардо Камавинга. Тинејџерот кој има само 19 години уште еднаш се покажа како талисман и џокер од „сенка“ за пресвртот на Реал.

Во 90-тата минута, Камавинга го проигра Бензема во петерецот, кој асистираше за голот на Родриго. Следната минута Камавинга освои топка на средината на теренот и го започна нападот по кој Реал поведе со 2:1. Во продолжувањето, тинејџерот одигра одлично додавање со Валверде, а потоа Бензема доби пенал.

И тоа што Камавинга го направи против Сити не е прв пат сезонава во ЛШ и Анчелоти точно знаеше кој му е потребен за пресврт против Сити. Во осминафиналето, Реал дома губеше со 0:1 од ПСЖ, а Камавинга влезе во 57 минута. Веќе во 61 минута Бензема даде гол за 1:1, а потоа шоуто на голгетерот продолжи за победа од 3:1.

Во дуелот против Челзи, на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал губеше со 0:2, Камавинга влезе во игра, Реал заигра многу подобро и потоа стигна до пораз од 2:3, кој им беше доволен за конечна радост на крајот.

Тинејџерот Камавинга едноставно е талисменот кој во игра влегува кога на Реал му треба чудо и тоа се случува три пати по ред во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести