Херојска победа на ГРК Тиквеш против фаворизираниот Вардар

Екипата на ГРК Тиквеш на свој терен во Кавадарци го победи Вардар со 22:20 во дербито на третото коло од ракометната Суперлига. Домашниот тим уште од самиот старт покажа дека е подготвен да го изненади фаворизиранот гостин, па на полувреме Тиквеш имаше предност од 11:10.

И во вториот дел домаќините продолжија во ист ритам и на крајот донесоа голема радост на „Лозари“ и останатите домашни навивачи во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

За Вардар ова е втор пораз во третото коло од Суперлигата и Црвено-црните сега се многу далеку од трката за титулата.

Во останатите два меча кои денеска се играа во Суперлигата, Алкалоид без никакви проблеми славеше убедливо на гостувањето во Струга со 32:22, а Тинекс Пролет го доби скопскиот дуел проти Бутел со 20:18.

На табелата прв е Алкалоид со три победи од три меча, Еурофарм Пелистер има две победи од две средби исто како и тимот на Охрид. Тиквеш е четврти со две победи и еден пораз, а Вардар е дури на петото место со еден триумф и два порази, колку што има и тинекс Пролет. Бутел и Струга имаат три порази во досегашниот дел од Суперлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести