Олимпик Марсеј стигна до четвртата победа оваа сезона во Лига 1 откако го доби дербито против Олимпик Лион на гпости со 2-3, иако поголем дел од мечот играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Балерди уште во петтата минута. Тој за пет минути веќе доби два жолти картони.
Александре Лаказет во последните мигови од првото полувреме не реализира пенал, а во вториот дел беа постигнати дури пет гола.
Чалета-Цар донесе водство за Лион, но израмни Лирола. Улисес Гарсија во 82-та минута се погрижи за пресврт, но Рајан Черки донесе ново израмнување во 93-та минута.
Сепак, Олимпик Марсеј на крајот последен се радуваше. Џонатан Роув во 95-та минута постигна победнички гол за гостите.