Херојско реми на Македонија против Србија на гости

Македонската футсал репрезентација одигра 1:1 на гостувањето во Врање против селекцијата на Србија, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра на почетокот од следната година. Србите беа големи фаворити, но нашите футсал репрезентативци покажаа дека не се предаваат против ниеден ривал и на крајот заслужено се израдуваа на бод.

По само три и пол минути игра во првото полувреме, Србија поведе со голот на Пршиќ, но радоста надомаќините траеше кратко. Во 10 минута Крстевски израмни на 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат. Ако се знае дека Србија е на осма европска футсал велесила, а нашата репрезентација иако играше без натурализираниот Македонец Дандан и искусниот Дарко Ранготов, ова реми е повеќе од изненадувачко, но сосема заслужено.

Херој на мечот е голманот на македонскаѕа репрезентација Антонио Петровски кој имаше фантастични 21 одбрани!

Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра в вторник во Скопје повторно против Србија. По три одиграни кола, Босна и Херцеговина е лидер со максимални 9 бода, а голема ќе биде борбата за второто место кое води на континенталниот собир. Романија, Македонија и Србија имаат освоено по два бода во трите одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести