Херта гази по паузата – Унион Берлин декласиран со покер голови во второто полувреме

Херта на убедлив начин го доби берлинското дерби со Унион и му се реваншира на ривалот за поразот од 1:2 во првиот дел од Биндеслигата.

Бруно Лабадија има многу причини за радост, бидејќи во два меча како кормилар на клупата на Херта покажа многу повеќе од неговите претходници.

Херта вечерва победи со 4:0 во премиерниот меч од 27. коло во Германија и интересно сите голови домашната екипа ги постигна во второто полувреме.

Победата ја најавија Ибишевиќ и Луекебакио со два гола во рок од 60 секунди, во 51. и во 52 минута, а ја запечатиоја Куња и Бојата. За само 26 минути се беше готово, а Херта ја забележа втората победа по кам-бекот на Бундеслигата и игра страшно добро со гол-разлика 7:0.

Тренерот Лабадија пристигна за време на паузата, беше именуван на 20. април за нов тренер на „сино-белите“ од Берлин и за кус рок успеа да смени многу работи.

Сега Херта станува и кандидат за евронастап и има 34 бода, за разлика од Унион Берлин, кој има два порази по враќањето на германското првенство и падна на 12. место со 30 бодови.

- Оглас -

Најнови вести