Херта го смени тренерот Човиќ, голема германска легенда се врати во Бундеслигата

Големата германска легенда Јирген Клинсман е нов тренер на Херта и ќе биде кормилар на двојниот шампион до крајот на сезоната.

Анте Човиќ брзо ја заврши тренерската авантура во клубот во кој ја заврши играчката кариера. Хрватот потпиша договор со Херта на први јули годинава, а само по 12 кола во Бундеслигата си заминува.

„Таква е нашата работа. Јас сум одамна во Херта и го сакам клубот и ја прифаќам одлуката за моја смена. Резултатите ни беа лоши и се надевам дека мојата смена ќе значи пресврт“, изјави Човиќ.

Како играч, Клинсман има и светско и европско злато со Германија, а има уште многу и клупски успеси во богатата кариера. По завршувањето на играчката кариера беше селектор на Германците, една година беше кормилар на Баерн, а потоа и селектор на САД од 2011 до 2016 и оттогаш паузира.

Херта по 12 кола има 11 бода и е за една позиција над опасната зона за испаѓање, па Клинсман ќе има тешка задача да го спаси клубот од најлошото и од преселба во понизок ранг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести