Херта против Ајнтрахт меч како создаден да се игра на голови

1801 Херта – Ајнтрахт (20:30 ч.)

Херта моќно започна во првото коло и со убедливи 4:1 победи на гости кај Вердер Бремен, додека Ајнтрахт одигра само 1:1 на свој терен со Аугсбург. Сепак, Ајнтрахт има убави спомени од гостувањето пред три месеци, кога победи со убедливи 4:1 во Берлин.

Двете екипи сакаат да дадат гол повеќе, а одбраната им е послаба страна, па ако се гледа стилот на игра, но и фактот дека во Бундеслигата најчесто е ефикасно, може да очекуваме со погодоци да се отвори второто коло.

Предлог тип: ГГ3+ (1.88)

 

1701 Лил – Нант (21 ч.)

Лил е еден од трите тима кои уште немаат ниту еден пораз во француското првенство по четири одиграни кола. За двете екипи карактеристично е тоа што играат цврст фудбал без многу голови, иако традицијата вели дека на шест од последните седум меча било 3+.

Домаќините ја имаат улогата на фаворити, но Нант е опасен тим кој може да создаде проблеми.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.85)

 

1012 Хадерсфилд – Нотингам (20:45 ч.)

Очаен старт на двете екипи во Чемпионшип. По првите две кола имаат по два порази и уште немаат дадено гол. По денешниот меч, еден клуб сигурно ќе се радува на бодови. Традицијата вели дека на 11 од последните 12 меѓусебни дуели имало победник, а дури седумпати тоа бил домаќинот.

Повеќе од 25 години не се случило кога играат овие ривали, меч да заврши без голови, што е одлична најава дека ќе ги покаже офанзивните карактеристики.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.07)

 

1630 Твенте – Гронинген (20 ч.)

Твенте седум меча е без пораз и оптимизмот кај домаќините е на високо ниво. Гронинген нема победа над овој ривал во последните четири меѓусебни средби. Гостите ќе бидат без ветеранот Арјен Робен, кој се повреди на претходниот дуел и сега му следи подолга пауза.

Кога Твенте успеа да не загуби на гости кај Феенорд, тоа е доволен доказ дека тимот е до добра форма и реално е да се очекува триумф на домаќините.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

1951 Карагумрук – Башакшехир (19 ч.)

Делува шокантно, но турскиот шампион Башакшехир е фенерџија по првите две кола во новото првенство. Два порази без даден гол е несвојствено за тим кој е актуелен владетел во првенството. Карагумрук е тим кој сезонава влезе во елитното првенство и одлично започна со победа и реми.

Само пред 20-тина дена овие екипи играа пријателски меч, а шампионот победи со 2:1. Гостите и сега се фаворити и реално треба да бркаат три бода.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести