Херта најде комбинација за спас и го турна во калта петкратниот германски првак (Видео)

Херта забележа голема победа од 2:0 против Штутгарт во мечот на сезоната за двете екипи и е на патот да се спаси од испаѓање од Бундеслигата.

Дејви Селке погоди во четвртата минута на дербито на дното во 31. коло во германското првенство и најави радост и за тимот и за менаџерот Феликс Магат, кој прослави јубилеј од 500 меча како тренер во Бундеслигата.

Голот на Селке можете да го погледнете ОВДЕ.

Во третата минута од судиското продолжение Ишак Белфодил со погодок ја потврди победата на домаќините.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

На три кола до крајот на првенството Херта е прва над зоната за испаѓање со 32 бода, а зад неа е петкратниот првак на Германија Штутгарт со 28, Арминија Билефелд со 26 и испаднатиот Гројтер фурт со 16 бода.

Ако остане ваква ситуација на табелета и по 34 кола, тогаш би испаднале Арминија и Гројтер фурт, а Штутгарт би играл бараж двомеч со третопласираната екипа од Втората лига за последниот билет во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести