Херта никогаш не го победила Лајпциг на домашен терен, а Шарлоа и Варегем играат со најмалку гола на последните 26 дуели

1806 – Херта Берлин  – Лајпциг (18:30)

Екипата на Лајпциг води голема битка за пласман во Лигата на шампиони со Фрајбург и ако сака да игра во елитното натпреварување и следната сезона ќе мора да победи на гостувањето во Берлин. Херта го нема победено Лајпциг на последните 10 меѓусебни дуели, односо од 2017-тата година. Но она што е интересно е дека Херта никогаш во историјата не го победила Лајпциг на домашен терен. На последните 12 меѓусебни дуели помеѓу овие две екипи имало по најмалку три погодоци.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2,45)

 

1658 – Шарлоа – Зулте Варегем (18:15)

Екипите на Шарлоа и Варегем со различни амбиции влегуваат во нивниот меѓусебен дуел. Домашните се борба за влез во плеј-офот за пласман во фудбалска Европа, додека гостинската екипа грчевито се бори за опстанок во белгиската лига. Варегем е во исклучително лоша форма и има негативна серија од дури 12 натпревари без победа. Интересна е и историјата на дуелите помеѓу овие две екипи. На последните 26 натпревари имало два или повеќе голови, односно последен пат одиграле меч со само еден гол во 2013-тата година.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2,30)

 

2204 – Пакс – Ференцварош (19:30)

Екипата на Ференцварош речиси ја има обезбедено титулата во унгарското првенство, но се наоѓа во исклучително лоша форма и на последните четири првенствени дуели немаат победа. За разлика од нив, домашната екипа на Пакс има четири победи на последните четири натпревари и веќе е многу блиску до обезбедување на пласман во фудбалска Европа. Воедно, последните 10 меѓусебни натпревари на овие две екипи завршиле со три или повеќе голови.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2,55)

 

1632 – АЗ Алкмар – Спарта Ротердам (20:00)

АЗ Алкмар и Спарта Ротердам се во врвот на холандскиот фудбал, но домашните имаат поголем императив на овој натпревар. АЗ Алкмар заостанува само два бода од местата кои водат во Лигата на Шампиони, додека Спарта Ротердам веќе го има обезбедено плеј-офот за излез во фудбалска Европа. Двете екипи имаат одиграно 16 натпревари на стадионот во Алкмар, а Спарта победила само еднаш и тоа пред речиси три децении, односно во 1996-тата година. Воедно, на последните 12 натпревари помеѓу овие две екипи имало по најмалку два голови.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2,35)

 

1921 – Цирих – Базел (18:00)

Швајцарското првенство ќе има интересна завршница со делот на борбата за излез во Европа, но и во борбата за опстанок во лигата. Токму таков е дуелот помеѓу Цирих и Базел. Домашните се борат за опстанок, но гостинот кој е во позиција да остане без пласман во Европа после долги години е во предност. На последните 7 натпревари на Цирих има по најмалу два погодоци, додека на натпреварите на Базел тоа е случај на последните 6 меча.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2,09)

- Оглас -

Најнови вести