Прославата на 30 години од падот на берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, не можеше да мине без специјална кореографија на денешниот натпревар од Бундеслигата кој се играше во главниот град на Германија.
Фановите на Херта потсетија на падот на симболот на поделбите. На импровизираниот ѕид меѓу другото пишуваше: „Денеска играме без ѕид и без граници. Играме заедно за Берлин и Германија“.