Андреас Херцог индиректно ја предупреди македонската репрезентација и особено стручниот штаб дека Словенија е одлична репрезентација, која имаше повеќе шанси за победа во Хаифа против Израел.
Мечот заврши нерешено 1-1, а Австриецот на кормилото на Израел ја потенцира и главната опасност за нас, интернационалецот од Аталанта, Јосип Иличиќ.
„Иличиќ е опасен играч, тој е мозокот на играта на Словенија. Имаа повеќе шанси од нас и мора да сме задоволни со ремито“, изјави Херцог.
Словенците ја најавуваат првата победа на домашен терен по пауза од две години и триумфот против Литванија на стадионот „Стожице“, на којшто ќе гостуваме во недела, од 20.45 часот.
Имаат и посебни мотиви бидејќи се во црна серија од 7 меча без победа и пет натпревари без триумф на свој терен, но свои сметки и шанси има и Македонија.
https://twitter.com/nzs_si/status/1109006056884195328