Хет-трик на Бејл, Реал Мадрид ќе игра финале со Ал-Аин (Видео)
Актуелниот европски првак ќе игра меч за титулата против домаќинот на турнирот, по победата против Кашима со 3-1.

Герет Бејл постигна хет-трик за Реал Мадрид во победата против Кашима со 3-1, а Кралскиот клуб ќе игра за нова титула на Светскиот клупски куп против домаќинот Ал-Аин.
Велшанецот беше трипати прецизен во рок од 11 минути, погоди во 44-рата, 53-тата и 55-тата минута и е само третиот играч со хет-трик на Светскиот клупски куп, по Кристијано Роналдо и Луис Суарес.
Стана само третиот фудбалер што постигнал голови на три турнири, а можеше да постигне уште некој гол, да не беше заменет по еден час игра.
Кашима успеа да намали на 1-3 со голот на Шома Дои во 78-мата минута и ќе игра за третото место против Ривер плејт.