Хет-трик на Халанд и камбек на Гундоган во победата на Манчестер сити

Шампионот Манчестер сити стигна до втората победа во новата сезона од Премиер лигата совладувајќи го Ипсвич на „Етихад“ со 4-1. Хет-трик постигна Ерлинг Халанд, а еден гол за домаќинот постигна и Кевин де Бројне. Ипсвич, интересно, прв дојде до предност кога во седмата минута погоди Сами Смодиш. На овој дуел Илкај Гундоган се врати во тимот на Пеп Гвардиола.

Сепак, за само десетина минути Манчестер сити направи комплетен пресврт, а на крајот од мечот Халанд го постави конечниот епилог.

Тотенхем беше убедлив против Евертон и славеше со 4-0. Двоен стрелец беше Сон, серијата голови ја отвори Бисума, а погоди и Ромеро.

Фулам го победи Лестер со 2-1, Вест хем на гости го совлада Кристал палас со 0-2, а Нотингем Форест минимално го победи Саутемптон на гости со 0-1, со голот на Морган Гибс-Вајт.

- Оглас -

Најнови вести