13.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Хет-трик на Халанд, убедлив триумф за Норвешка (Видео)

Репрезентацијата на Норвешка ја потврди својата доминација во квалификациите за Светското првенство 2026, обезбедувајќи пласман со уште една убедлива победа, овојпат со 5–0 над Израел. Тоа беше нивна шеста последовна победа, со што Норвежаните останаа со совршен ефект и максимални 18 бодови во групата И.

На почетокот Ерлинг Халанд не успеа да реализира пенал, откако неговиот удар заврши над голот. Сепак, потоа постигна хет-трик.

Но, ѕвездата на Манчестер сити брзо се рехабилитираше, во 27-та минута ја затресе мрежата за 2–0, а претходно Израелците сами си ја отежнаа задачата со два несреќни автогола на Калаили и Накмиас.

На паузата Норвешка водеше со 3–0, а второто полувреме беше само формалност.
Халанд повторно блесна и со два нови погодоци го комплетираше хет-трикот во 72-та минута, за конечни 5–0.

Унгарија ја победи Ерменија со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести