Фудбалерите на Манчестер сити водат со 3:0 по првото полувреме против Лајпциг во реванш-натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите и со едната нога се веќе меѓу осумте најдобри. Граѓаните од првата минута тргнаа офанзивно кон голот на Бласвих, а доминацијата ја круниса Ерлинг Халанд до два гола за три минути.
Норвежанецот прво во 21-вата минута го реализира пеналот, кој го досуди судијата Славко Винчиќ откако беше повикан од ВАР-собата. Тој по прегледување на снимката одлучи дека дефанзивецот на Лајпциг, Хенрикс, играл со рака и Халанд го реализира пеналот.
Веднаш во следниот напад Норвежанецот постигна уште еден гол. Кевин де Бројне од 17-тина метри шутираше, топката ја погоди пречката, а најснаодлив во петерецот на Лајпциг беше Халанд, кој зголеми на 2:0.
Во последните моменти од првиот дел, Халанд постигна уште еден гол, по што е потребно чудо за Граѓаните да не се пласираат во четвртфиналето.
На стадионот „Драгао“ во Порто, домаќинот и Интер по првото полувреме одиграа 0:0.