Хет-трик на Меси, Барселона „пукаше петарди“ против Леванте

Барселона лесно го совлада Леванте со убедливи 5-0, во мечот кој се одигра од рамките на 16. коло во Ла Лига. Шпанскиот првак повторно е лидер по денешниот вкупно десетти триумф во првенството. Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, ги одигра сите 90 минути

Голеадата ја започна Суарез во 35-тата минута. Меси му асистираше на својот соиграч, а сето започна откако Барди ја загуби топката во опасна зона и практично им подари водство на гостите. Осум минути подоцна, Меси одлучи да се запише во листата на стрелци и зголеми на 2-0.

Непосредно по почетокот на второто полувреме, аргентинската мегаѕвезда одново ја затресе мрежата, а во 60-тата минута го реализираше хет-трикот. Конечниот резултат го постави Пике во 88-та минута од мечот.

Со денешните три гола, Меси сезонава има вкупно 14 погодоци и е прв стрелец во Ла Лига, а истите ги постигна на 14 средби. Барселона со 34 бода е на врвот на табелата, додека Леванте остана на осмото место со 22 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x6z29sw

- Оглас -

Најнови вести