Незаборавна вечер за Лионел Меси и Интер Мајами.
Со победата од 6-2 против Њу Ингланд, тимот од Мајами дојде до 74 бодови во МЛС лигата што е нов рекорд, Меси првпат направи хет-трик во дресот на Интер, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дојде лично во градот во Флорида за да објави дека Интер ќе игра на Светското клупско првенство следната година.
Меси во игра влезе во второто полувреме, а трите гола ги постигна во периодот од 78-ма до 89-та минута. Со ова, Аргентинецот стана прв стрелец во историјата на Интер Мајами, со вкупно 33 гола. Сега Меси е најдобар стрелец во историјата на Барселона, репрезентацијата на Аргентина, и Интер Мајами.
https://twitter.com/i/status/1847836760090226993