9.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Хет-трик на Сорлот, Атлетико се пласира во осминафиналето на ЛШ (Видео)

Атлетико Мадрид не греши двапати. Имаше водство против Клуб Бриж во Белгија, но го испушти за конечни 3-3, ама затоа на вечерашниот дуел во Шпанија славеше со убедливи 4-1 и го трасираше патот во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Блескаше Александер Сорлот, кој беше стрелец на хет-трик. Норвежанецот го отвори резултатот во 23-тата минута, а Клуб Бриж израмни преку Жоел Ордонез во 36-тата минута.

Џони Кардосо на почетокот на вториот дел обезбеди нова предност за Атлетико, а потоа во финишот Сорлот постигна уште два гола за конечни 4-1.

- Оглас -

Најнови вести