Реал Мадрид им се врати на победите откако ја совлада Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-0. Тимот на Карло Анчелоти конечно покажа завидна ефикасност, но проблемите за стручниот штаб ги зголемија повредите на Едер Милитао, Лукас Васкес и на Родриго.
Винисиус јуниор беше разигран на овој дуел и постигна хет-трик. Првиот гол оваа сезона го постигна и Џуд Белингам, а дебитираше и младиот стопер Раул Асенсио кој влезе на местото на Милитао.
Винисиус јуниор донесе предност во 34-та минута, а Џуд Белингам зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел.
Во второто полувреме Винисиус јуниор постигна уште два гола и го комплетираше убедливиот триумф.