Хетафе е загреан за Столе Димитриевски

Шпанскиот прволигаш Хетафе го реактивираше својот интерес за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Столе брани за Рајо Валјекано, но наскоро би можело да направи трансфер во друг мадридски тим, и тоа во Хетафе.

Управата на Хетафе размислува за тоа кого би ангажирале ако еден од двајцата чувари на мрежата си замине и прв на листата на желби им е нашиот Димитриевски, кој има искуство од бранење во Примера.

Резервниот голман Леандро Чичизола има понуди да замине во клуб каде што би бил главен голман и ако минутажата му е пресудна, веројатно Аргентинецот ќе си оди. Испразнетото место би можело да го пополни Столе, за кого Хетафе се интересираше и во минатото, но не испратија официјално понуда до него. Во следните недели ќе се знае исходот и дали Димитриевски ќе се бори со Давид Сорија за стартното место на голот на Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести