Хетафе е на два чекори до историски настап во Лигата на шампионите, а финишот на Ла Лига ќе го чека со три бода предност пред конкурентите за четвртото место, последно кое гарантира учество во луксузната лига.
Хозе Молина и Анхел со по едне погодок за победа од 2:0 против Жирона го приближија клубот од Мадрид чекор поблиску до ЛШ.
Сега на Хетафе му преостануваат два меча, гостување кај шампионот Барселона и на домашен терен со Вилјареал за да го одбранат четвртото место.
Жирона е во опасната зона со 37 бодови, а ако Валјадолид вечерва го победи Атлетик Билбао ќе падне и на позиција што води во понизок ранг.