Хетафе нема да му даде гол на Столе Димитриевски

1951 Аланијаспор – Анталијаспор (19.00 часот)

Ова е соседско дерби од турската Суперлига помеѓу два тима кои се во резултатска криза. Домашните имаат освоено 9 бода во 9 кола, но од последните пет меча загубија три и повеќе од еден месец не знаат за победа. Кај гостите, ситуацијата е уште подраматична, пет кола по ред не знаат за победа, имаат само 7 бода по осум одиграни мечеви. Во минатата сезона, во април, Анталија победи во Аланија со 3-1, а и претходните две меѓусебни средби играни во Аланија беа со 4 голови, тогаш се радуваа домашните.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

1801 Шалке 04 – Хофенхајм (20.30 часот)

Шалке има три порази едноподруго, на девет меча прими 21 гол и е трет од долу на бундеслигашката табела. Хофенхајм е седми, но и тој имаат голем пад, во последните три кола освои само два бода и почна да го губи чекорот со најдобрите. Традицијата на меѓусебните дуели играни во Гелзенкирхен најавува дека ќе има барем два гола, а победникот е неизвесен, можеби нерешено е најреален исход за конечен тип.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.20)

 

1001 Брентфорд – Брајтон (21.00 часот)

Брајтон е еден од тимовите со најмалку примени голови во Премиер лигата, но на последните два меча примија четири „парчиња“. Пчелите освоија само еден бод во последните три кола, па заостануваат четири бода зад вечерашниот гостин од кој имаат и еден одигран меч повеќе. Во минатата сезона, Брајтон двапати го победуваше Брентфорд, со 2-0 и 1-0, а Брентфорд победи на пријателскиот меч во јули годинава со 1-0. Лондонскиот тим осум години нема лигашка победа над екипата од југот на Англија.

Предлог тип: НГ & 0-2 (2.13)

 

1701 Стразбур – Лил (21.00 часот)

Стразбур има пет нерешени игри во првите седум кола од француската Лига 1, а сега три кола по ред или победува или губи. Од друга страна, Лил има само еден нерешен резултат во досегашните десет одиграни мечеви. Лил е тим кој има и повеќе дадени и повеќе примени голови од Стразбур. Гостите имаат убави сеќавања од пресметките со Стразбур, од овој противник во лигашки меч не биле поразени уште од 2017 година.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

1301 Рајо Валјекано – Хетафе (21.00 часот)

Ова е мини мадридско дерби во кое очекуваме Столе Димитриевски да биде на голот на Рајо и да не прими гол. Рајо има 10 бода во осум кола, а има и серија од седум меча по ред без нерешен резултат. Хетафе на осум меча даде осум гола и има два порази по ред. И тие имаат само едно реми сезонава. Во минатата сезона, Хетафе не даде гол против Рајо, во 2019 година за последен пат успеаја да го совладаат Столе.

Предлог тип: Т2 0 (2.23)

- Оглас -

Најнови вести