Леганес успеа да приреди изненадување со победа од 2:0 против Хетафе во мадридското дерби од 29. коло во Ла Лига.
Поразот на домаќините стави крај на серијата од 7 меча без пораз и ги доведе во прашање шансите за настап во Лигата на шампионите.
Леганес можеше да слави и поубедливо, но Карилја промаши пенал во 18. минута. Сепак гостите одиграа одличен меч продолжија да напаѓаат и со два гола во второто полувреме освоија бодови кои можат да значат спас од испаѓање.
Уругваецот Сантош погоди во 50. минута, а печат на важниот триумф во градското дерби стави Хунафран со погодок во 83. минута.
Хетафе остана на четвртата позиција со 46 бодови, но и меч повеќе, а Леганес се проби на 11. позиција со 36 бодови.